Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена проговори за вакцинацијата против корона, која таа веќе ја завршила поради своето здравје и здравјето на сите други.

Мегапопуларната пејачка се ревакцинирала со вакцината Фајзер, а за српските медиуми открила дека целото нејзино семејство се вакцинирало.

Сите во мојот дом се вакцинираа, дури и луѓето кои работат за нас. Секој има право да одлучува што ќе прави. Сакам да ги прегрнам луѓето кои ми се драги и ги сакам, така ја покажувам љубовта, изјавила Лепа Брена.

Брена направила и тест за антитела кој покажал дека 60 годишната пејачка по ревакцинацијата има 18.000 антитела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.