Eдна од најголемите музички звезди на овие простори, Лепа Брена, го прослави својот 61. роденден. Во претходните години обично оваа дата беше поврзана со концерт во Белград, заедно со илјадници фанови, но овојпат короната малку ги промени нејзините планови.

Популарната Брена во моментов е многу далеку од Балканот, на другата страна на светот, на сончевата Флорида, а на ова возбудливо патување друштво и прават неколку нејзини пријателки.

Во меѓувреме таа за своите следбеници на Инстаграм сподели неколку интересни фотографии, кои се доказ за тоа каква е атмосферата во друштвото.

Особен интерес предизвика фотографијата на која Брена позираше на фарма со алигатори, но не наведе дали и тој биле дел од роденденската прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.