Актерот Бранислав Лечиќ, по седумчасовниот информативен разговор во полицијата синоќа во врска со обвинувањата на неговата колешка Даниела Штајнфелд дека ја силувал, за Танјуг изјави дека бил на полиграфско тестирање и дека е задоволен од професионалниот пристап што го покажале службениците и заменик-јавниот обвинител.

Мојата изјава беше дадена таму каде што треба да биде. Полиграфското испитување е извршено на мое експлицитно барање, а сите информации за кои јавноста е заинтересирана во врска со овој случај може да се најдат на тие адреси – полицијата и обвинителството, рече Лечиќ, кој ги повика сите медиуми повеќе да не го контактираат на оваа тема, бидејќи немало да дава изјави.

Само за моите сопартијци кои останаа со мене и за сите оние луѓе што останаа со мене затоа што знаат дека Лечиќ може само да лекува и во никој случај не може да труе и силува. Знајте дека давав изјава седум и пол часа, дека сè одеше професионално и дека го поминав полиграфот, рече Лечиќ во кратката видео – порака што ја објави на својот фејсбук – профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.