Српскиот пејач Дарко Лазиќ призна дека е во контакт со поранешната сопруга Ана Севиќ и дека со свршеницата Марина понекогаш се расправаат.

По операцијата за смалување на желудникот, засега изгуби 15 килограми, а вели Гагиќ била постојано покрај него.

Со Марина е како што треба, но како и во секоја врска и брак, каде има љубов има и кавги. Тоа трае десет минути, по што имаме харкор љубење, рече Лазиќ за емисијата „Премиера“.

Додаде дека е во добар однос со поранешната сопруга.

Го имаме најкоректниот однос што може да постои. Се слушаме околу Лорена, што е најважно. Ана веќе долго има свој живот, јас свој, рече Лазиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.