Мојата Марина постојано се жали што ретко имаме секс во последно време, признава српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој со својата вереница неодамна доби син.
Тоа не беше случај пред да ми се случи несреќата. Проблемот е што во мене се појави голем страв од повреда на колкот за време на сексот и никако не можам максимално да се опуштам, вели Лазиќ.
По несреќата која 27-годишниот пејач ја доживеа ланскиот октомври, му беше вграден вештачки колк. Иако докторите му кажале дека нема зошто да се плаши, тој не може целосно да се опушти.
Не се може против психата и главата. Ќе побарам помош од психолог или психијатар, ќе се среди сè. Нормално е дека таа има потреби, млада е и сексот е дел од секоја врска, вели отворено Лазиќ за српски „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.