Жељко Ражнатовиќ Аркан многу го сакал коцкањето, а ниту едно белградско казино во тоа време не се ни обидело да го поткрадува командантот на Српската доброволна гарда, бидејќи многу коцкарници држеле кумовите и пријателите на Ражнатовиќ

Во деведесеттите, Аркан  секогаш победувал, но само десет години порано коцкањето му било голема страст. Толку многу што знаеше да го изгуби и последниот динар, дури и да остане без кола.

Жељко Ражнатовиќ сакаше да се коцка, а понекогаш ги губеше сите пари. Еднаш дојде кај мене и ми рече: „Друже, може ли да се напијам?“. Му купив кафе, бидејќи не пиеше алкохол, го прашувам каде му е колата, вели  ја изгубил на коцка. Немаше динар во џебот, изгуби се. Но, една вечер дошјде во клубор „Дуга“ со најлонска кеса полна со пари. Внатре беа 55.000 долари. Го прашавме што е тоа, дали ограбил нешто рече  дека се коцкал и веднаш отишол да купи куќа спроти Маракана -откри Влада Перовиќ, поранешниот сопруг на Лепа Лукиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.