Крај на една голема љубов, пишуваат шпанските медиуми. Наводно познатата колумбиска пејачка Шакира го фатила својот невенчан сопруг, шпанскиот фудбалски репрезентативец Жерар Пике, во кревет со друга жена.

Фудбалерот на Барселона екпсресно морал да се исели од семејниот дом. „Ел Периодико“ пишува дека Пике се среќавал извесно време со неименувана 20-годишна русокоса девојка која е студентка и работи како хостеса во Барселона. Шакира открила бидејќи тоа се повторувало во викендите.

Пејачката и фудбалерот важеа за складен пар во шоу бизнисот. Заедно се 2010 година и ги имаат синовите Милан (9) и Саша (7).

Иако никогаш не биле во брак, доколку се разделат, ќе треба да се утврди со кого ќе останат децата и како ќе се подели огромниот заеднички имот и богатството.

Според каталонскиот весник Пике се вратил во својот стан, а Шакира останала во заедничката вила.

Шакира го фати Пике во кревет со друга жена и веднаш го исфрли. Фудбалерот се спакувал и се преселил во станот во кој живеел пред врската со пејачката. Соседите со денови го гледаат како излегува од станот. Многу често Пике е на некоја ноќна забава, па доаѓа дома околу два или три часот наутро – пишува „Периодико“.

Асот на Барса и претходно беше познат како љубител на ноќниот живот, но медиумите тврдат дека тој сега повторно се однесува како заводник. Често излегува по клубови со помладите соиграчи, кои немаат семејства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.