Вечерва во СЦ Јане Сандански, со почеток во 21:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на легендарниот хрватски состав „Парни Ваљак“.
Фреди Меркјури и нашиот Аки Рахимовски имаат многу заеднички особини, но една е посебно изразена. А, тоа е, дека и двајцата беа суверени владатели како на сцената, така и со публиката. Фреди Меркјури ја отпеа ,,The Show Must go On”, а сите ние знаеме дека секогаш истото го мислеше и до последен здив така и живееше и нашиот Аки. Парни Ваљак продолжи понатаму со нов пејач, гордо и квалитетно, онака како што и изгледа од своите први денови на почетокот на кариерата.
За скопскиот концерт на Парни Ваљак своја изјава даде и лидерот на бендот, Хус, кој заедно со Парни Ваљак оваа година ќе ја добие најпрестижната можна награда за музика во Хрватска – ПОРИН за животно дело:
,,Наша голема желба, а уште поголема одговорност е во Скопје, во градот на Аки, да отсвириме концерт, кој нашата одлука да продолжиме понатаму ќе направи да биде оправдана. Се разбира дека, во приказната за Парни Ваљак, Аки е неизоставен дел и тој секогаш ќе биде во нашите срца.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.