Јелена Карлеуша го пријавила сопругот Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство, а нему му е изречена забрана за приближување во траење од 48 часа. Инцидентот во познатото семејство се случил денеска, за време на божиќниот ручек.

Според извори од полицијата, лицето на Карлеуша е помодрено, зошто Душко ја удрил неколку пати, пишува српски „Информер“. Сведоци на инцидентот биле семејствата на пејачката и фудбалерот, кои присуствувале на празничниот ручек во вилата на Тошиќ.

На божиќниот ручек во домот на Тошиќ присуствувало и семејството на пејачката и Душко, кои наводно биле сведоци на настанот.

Информацијата дека Јелена завршила во модринки, наводно ја потврдиле сите присутни за српскиот медиум.

Тошиќ за српски „Курир“ потврди дека имале караница, но дека е шокиран од обвинувањата дека кренал рака на неа.

Српските таблоиди се распрашувале по комшии дали вакви сцени се случувале и претхоно, но тие изјавиле дека не биле сведоци, а ниту овојпат ништо не насетиле – едноставно ја виделе полицијата.

Апсолутно ништо не слушнавме. Само во еден момент видовме полиција пред нивната куќа, Марко, братот на Јелена и тетка ѝ како изледуваат во дворот. Душко и Јелена не ги видовме. Тој и онака ретко доаѓа, често е на пат. Кога е тука, најчесто е со ќерките. Срдечни се и поздравуваат кога ќе се сретнеме, изјавиле соседите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.