Веб-страницата „Celebrity networth“ објави податоци кои покажуваат колку пари заработиле српските пејачи во текот на својата кариера.

Имено, најголемата српска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вреди неверојатни 80 милиони долари.

Драгана Мирковиќ, тежи вкупно 30 милиони долари. Нејзината слава одамна ги надмина границите на Србија, а популарна е и во Бугарија и Романија.Драгана е сопственик на сателитската телевизија ДМ САТ.

Последната југословенска пејачка Лепа Брена досега заработила 16 милиони долари а покојниот Шабан Шаулиќ 20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.