Денеска се одбележа шестмесечниот помен за кралот на народната музика Шабан Шаулиќ кој загина во сообраќајна несреќа во Германија. Поменот се одржа на Новите гробишта во Белград, а семејството, пријателите и кумовите дојдоа уште еднаш да му оддат почит на пејачот.

Според срспките медиуми, Гордана Шаулиќ не можела да ги собере солзите кои со месеци течат по непрежалениот сопруг, а колегите Зорица Бруцлиќ и Кемиш останаа покрај гробот, додека Санела и Бата Марковиќ изразиле поддршка на сопругата на Шабан Шаулиќ во овие најтешки моменти.

За потсетување, Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари кога се враќал од настап во Германија, кога Турчин со брзина од 160 километри на час се заби во нив.

Автомобилот во кој се возел Шабан го управувал неговиот музичар Мирсад Кериќ кој исто така го загуби животот, а кумот на Шабан, Боби Стојадиновиќ и понатаму се опоравува од последиците од сообраќајната несреќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.