Музичарот Николчо Јанков- Коки веќе неколку месеци е во брак со скопската адвокатка Маја, по разводот со портпаролката на АМСМ Росана Петревска, објавува „Женски магазин“.

Тој за порталот потврдува дека извесно време е во брак со Маја. Тие склучиле граѓански брак, но немало венчавка.

Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме. Таа славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна, изјави виолинистот за „Женски магазин“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.