Британско-австралиската актерка и пејачка, Оливија Њутн-Џон првпат дознала дека има рак на дојката во 1992 година, а болеста повторно ѝ се вратила во 2013 и 2017 година, а како и нејзината ќерка Клои Латанзи и глумицата е наклонета кон природната медицина.

Во интервјуто за „Хералд сан“, кое го дала заедно со нејзината ќерка Клои, Оливија вели дека не планира да се вакцинира против корона вирусот. Пред две години беше откриено дека ѕвездата на филмот „Брилијантин“, користела марихуана во медицински цели, откако по третпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка, во четврти стадиум, во 2017 година.

Не, во овој момент, не – одговорила 72-годишната актерка на прашањето дали наскоро ќе се вакцинира.

Иако Њутн-Џон не објаснила зошто не сака да се вакцинира, нејзината ќерка Клои ги споделува своите необични ставови за вакцинацијата, наведувајќи дека е против „ставање жива и пестициди во телото“, кои, како што вели, се наоѓаат во многу вакцини.

Латанзи, која верува дека „вистинскиот лек е она што доаѓа од земјата“, води фарма со канабис во Орегон со нејзиниот партнер Џејмс Дрискил.

Ќерката на Њутн-Џон додала дека луѓето „им веруваат на вакцините затоа што лекарите велат дека се безбедни“. Латанзи тврди дека таа „направила истражување“ и засега верува дека вакцините не се безбедни.

Ако имав можност да земам билки и растенија како бебе, наместо да ми вбризгуваат токсини, ќе го направев тоа – инсистира таа.

Ваквата изјава доаѓа откако Клои Латанзи ги сподели своите ставови во врска со вакцините и пандемијата на Ковид-19 во објава на Инстаграм минатиот месец.

Во сега избришаната објава, Клои тврдеше дека маските за лице можат да предизвикаат „здравствени проблеми“. Таа дури тврдеше дека луѓето „плачеле пред неа бидејќи не можеле да дишат и дека сега имаат здравствени проблеми, по носењето маски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.