Ќерката на Гоца Тржан, Лена, која ја доби од бракот Иван Маринковиќ, открива каква е нејзината врска со сегашниот партнер на пејачката, Радомир Раша Новаковиќ.

Немам чувство дека тој не ми е како вистински родител, бидејќи живееме заедно веќе девет години и нашата врска е нормална. Знам дека се сакаат и колку и да ме нервираат, тие, сепак, се родители и тоа е нормално – вели Лена во емисијата „Мојот совршен брак“.

Во некои работи можеби е премногу строг, но во повеќето е супер. Не е дека нешто ми забранува, можеби некогаш претерува, но разбира. Тие не ми пречат секогаш, сакам да поминувам време со нив и ние сме како секое нормално семејство – додава Лена.

Гоца во неодамнешното интервју истакна дека нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ ја доживува Лена како своја ќерка и дека Лена никогаш не прашува за нејзиниот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.