После крајот на бракот меѓу Ана Севиќ и Дарко Лазиќ, во јавноста се шушка дека Дарко воопшто и не ја гледа нивната заедничка ќерка Лорена, а наводно за тоа е виновен новиот дечко на Ана.

Дарко ќеркичката ја нема видено повеќе од еден месец, а Даниел, новиот дечко на Ана ја чува и ѝ е максимално посветен. Заедно го организираа и нејзиниот петти роденден, многу ја сака и тоа се чувствува, Лорена на моменти го вика и „тато“, пишува српски „Свет“.

Освен Ана, нов партнер има и Дарко кој дури доби и син, а откако не се појави на роденденот на Лорена, пејачот изјави дека сам ќе организира прослава за наследничката, но се уште нема направено забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.