Иако навидум се е во ред со бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, драмата се уште постои.

Се почнало кога фудбалерот на настапот на својата сопруга испратил пијалок на девојка на соседната маса. Карлеуша полудела и го прекинала настапот, а караницата ја продолжиле дома. Тогаш Душко и го одзел мобилниот телефон и во него пронашол пораки кои и ги праќал неговиот колега Огњен Врањеш.

Тие двајцата потоа размениле остри зборови. Тошиќ, меѓу другото му рекол дека нема да смее да излезе во ниту еден локал во Белград, дека ќе го скрши, како и дека нема да смее да излезе на улица. Тој дури барал да се сретнат за да го решат проблемот, но до средба не дошло.

Добро упатен извор тврди дека Јелена отсекогаш му се допаѓала на Огњен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.