Ако морам да одам во затвор, ќе се убијам или ќе побегнам од земјата. Јас робијата не би ја преживеал. Со овие зборови српскиот актер Горан Јетвиќ им се пожалил на колегите откако минатата недела судот во Сомбор му ја преиначи казната од домашен затвор, во издржување на затворска казна од 10 месеци поради сексуална злоупотреба на тогаш 15-годишниот Лука Крчевинац.

Колега на Јевтиќ, кој сакал да остане анонимен, за српските медиуми рекол дека повеќето актери на почетокот го поддржувале Горан, бидејќи мислеле дека целата приказна е малку „напумпана“.

Сите знаевме дека Гонџа, како што го викаме ние актеритее, е хомосексуалец, но му верувавме кога ни тврдеше дека приказната на момчето е лага. Ми беше дури и жал кога слушнав дека мора да оди во затвор. Меѓутоа, кога во медиумите прочитав детали од пресудата и кога ја погледнав исповеста на тоа момче, се шокирав! И само половина од она што го зборува тоа момче да е точно, тоа е страшно! Јевтиќ не смеел да го допре момчето и точка. Заслужува затвор, рекол актерот.

Тој додал дека Горан е вон себе од страв.

Неколкупати повтори дека ќе се убие или ќе побегне. Се парализира од страв кога ќе помисли дека 24 часа дневно ќе дели ќелија со други осуденици, тврди актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.