Холивудскиот актер, Силвестер Сталоне, одлучил да го продаде својот импозантен имот што се простира на неверојатни три ипол хектари и да се пресели на Флорида.

Актерот овој имот го купи во деведесетите години, а потоа комплетно го реновираше и го надгради според своите потреби. Сталоне додаде неколку спални соби, неколку бањи, а изгради и вински подрум.

Сталоне минатата година купи уште една вила со локација во Палм Бич. Таа вила која има 1.230 квадрати го чинеше вкупно 35,4 милиони долари.

Актерот сега сака да се пресели во новата вила и смета дека повеќе не му е потребна старата, па така тој својот имот, каде што во дворот има и стауа на Роки, го претставил пред агентите за недвижности со цел тој побрзо да се продаде. За имотот бара неверојатни 110 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.