Најстариот син на Шабан Шаулиќ, Роберт, кого трагишно загинатиот фолкер го добил од вонбрачна заедница, се противи на продажбата на вилата на Дедиње која зад себе ја остави неговиот веќе покоен татко.

Роберт како рамноправен член на семејството како што дознаваат српските медиуми, одлучил да се бори за делот кој што му припаѓа, поради што вдовицата на Шабан морала да прекине со продажбата на луксузната недвижнина која вреди милион евра.

Роберт е толку одлучен да го земе она што му припаѓа, дури што изнајмил адвокат, кој што инсистирал на тоа дека вилата не може да се продаде додека не заврши процесот на поделба на имотот, открива извор близок до најстариот син на Шабан, пишува српски Курир.

Јас ќе земам она што ми припаѓа. Зошто да не го земам она што ми следува? Јас сум рамноправен со останатите деца на Шабан и нема да се откажам од наследството – наводно истакнал Роберт.

Инаку, Роберт после смрта на Шабан се откажал од наследството, но во меѓувреме се предомислил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.