Ким Кардашијан предизвика нова бура во јавноста поради наводна преголема употреба на фотошоп.

Кардашијан учествува во реклама за брендот за „Скимс“ (Skims), за која доби голем број коментари во кои фановите коментираат дека нејзиниот струк бил едитиран за да изгледа помал од реалноста.

Во рекламата Кардашијан се движи со прстот по контурите на своето тело и се задржува неколку секунди обрнувајќи посебно внимание на долната облека „Skims Fits Everybody“.

За разлика од видеото на „ТикТок“ кое стана вирално, а набргу беше избришено и повлечено од сите социјални мрежи, беше очигледно дека рекламата била планирана да се објави во јавноста без едитирање, пишува „Пејџ сикс“.

Рекламата за „Скимс“, објавена минатата недела со цел да ја претстави колекцијата „Fits Everybody“, првично имаше грешка, но истата беше резултат на тоа што видеото при прикачувањето изгуби од својот квалитет. Штом тимот го забележа видеото, истото беше избришано и беше објавена новата верзија со подобар квалитет. Се извинуваме за предизвиканата непријатност на Ким и муштериите – изјави претставник на „Скимс“ во понеделникот.

Неименуван извор за „Пејџ сикс“, изјавил дека 40-годишната Ким Кардашијан била особено упорна и барала ниеден дел од нејзиното тело да не биде дигитално уредуван и фотошопиран. Истиот извор прецизирал и дека грешката во прикачување на видеото го предизвикала тој впечаток дека телото на Ким е едитирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.