Славниот холивудски актер Кевин Спејси (60), кој во Белград пристигна од Израел на 6 октомври, вчера се шеташе низ Белград, го посети Калемегдан, а во вечерните часови и ресторанот на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ (32) во Нов Белград.

Актерот беше пречекан во ресторанот од најмладиот брат на Ноле, Ѓорѓе (24), со кого Спејси уживаше до 11 часот.

Холивудскиот актер јадеше ајвар и чорба, пиеше ракија и кисела вода и разговараше со Ѓоковиќ за филмовите, хуманитарната работа и диетата на Новак.

Иако првично се претпоставуваше дека Кевин Спејси дошол во Белград поради работа на таен проект, според „Блиц“ причината за неговата посета не е од деловна природа. Тој всушност слушнал во Израел дека еден од најдобрите мартини се служи токму во Белград, па дошол во непознатата земја на добро мартини.

Спејси не дошол со обезбедување туку во друштво на менаџерот Еван Ловенштајн.

Актерот денес ја напушти Србија и од аеродромот „Никола Тесла“ замина за Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.