Пејачката Кејти Пери (36), која минатото лето ја доби ќерката Дејзи Дав со својот свршеник Орландо Блум (44), одлучила дека бричењето на нозете по раѓањето на бебето повеќе не е на нејзината листа на приоритети.

Во неделната епизода на „Американски идол“, каде што е членка на жирито, ѝ рекла на натпреваручката Касандра Колман нешто што шокирало многумина:

Вашиот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, тој е ангелски. Како новопечена мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се кренаа за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Беше неверојатно – рече Кети Пери.

Пејачката дури и на своите колеги во жирито им ги покажа влакната, ставајќи ги нозете на масата среде емисијата.

Пејачката подоцна на Твитер објави анимирана слика со влакнести нозе и напишала:

Реалниот поглед на моите нозе кога ќе ја слушнам Касандра како пее – се пошегува Пери на своја сметка.

Пери признала дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека кога ќе станете мајка, сите други работи стануваат помалку важни.

Мислам дека почнуваш да сфаќаш некои работи кога ќе станеш мајка… Едноставно мораш да се фокусираш на тоа да бидеш мајка. И тоа, не е затоа што не ги сакаш другите луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител – објасни пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.