И покрај тоа што веќе некое време се зборува за заладени односи меѓу членовите на кралското семејство, се чини дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и Меган Маркл, наводно, се поблиски од кога било.

Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на „Нетфликс“ проект.

Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за „Нетфликс“, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија – изјавил изворот.

Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.

Принцот Хари и Меган лани потпишаа договор со „Нетфликс“ кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.