Пејачот Драган Којиќ – Кеба во емисијата „Звезде Гранда“ откри дека во една прилика го каснало кучето на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Кеба и порано бил на гости кај Брена, но тој ден претходно го милувал неговиопт малтезер, па затоа, како што вели, кучето на Брена го гризнало.

Не знам што се случи со него. Можеби Боба му дал да проба ракија. Толку пати сме биле кај нив, но веројатно тој ден почувствува дека претходно сум го галел мојот малтезер, рече низ смеја Кеба.

Тој морал да замине на лекар каде примил тетанус вакцина.

Морав да одам на лекар и добив тетанус. Ме гризна, онака, појако и силно, заклучи Којиќ.

Кеба и Брена имаат вили на „Бежанијска коса“ и се први соседи. Семејството Којиќ секоја година оди на прослава со Живојиновиќ, но и на други прослави што ги организираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.