Познатата пејачка Каролина Гочева по повод нејзиниот голем концерт закажан за на 1-ви јули во Скопје гостуваше во емисија на порталот „Репортер.мк“, во кое зборуваше за својот професионален живот, приватен живот, а за првпат прозборе и за нејзините разведени родители.

Тие повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели.

„Кога се разведуваа тоа го направија да не приметиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.