Пејачката Јелена Карлеуша се вакцинираше денеска против корона вирусот, а тоа го направи во шопинг центарот Ушче.

Карлеуша на вакцинација дојде цела во бело, накитена со злато, па затоа привлече внимание.

Само што примив вакцина, се чувствувам одлично. Не го осетив ниту убодот. Сметам дека треба да се биде одговорен и да се даде јавна подршка на здравствените работници, децата кои заболуваат. Ова е голема работа за Србија, ние можеме да бираме. Јас решив популарноста да ја искористам на вистински начин. Примив Фајзер –  рекла Јелена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.