Драмата на Јелена Карлеуша и нејзиниот поранешен љубовник Огњен Врањеш продолжува, но на суд. Имено откако пропадна последниот обид за судско помирување, некогашните љубовници ќе мораат да се сретнат на главниот претрес на 4 јули, а астрологот Душан Величковиќ за ВИП открива како ќе изгледа нивната прва средба после порно скандалот, дали ќе има караница, но и кој ќе победи во овој спор.

Во нивниот судски спор нема да има победници. Врањеш намерно ја тужеше Карлеуша како би можел да ја види, а таа немерно го избегнуваше одењето на суд бидејќи не сакаше да го испровоцира и да го подготви теренот како нивната прва средба би била што поинтензивна. Исто така Карлеуша сака да го спаси бракот, иако Тошиќ одамна стави точка на нивниот однос и прашање е на ден кога Јелена и Душко ќе се разведат – вели астрологот и открива што ќе се случува кога Јелена и Душко ќе се разведат.

Најдобриот период на Карлеуша и доаѓа на почетокот на летото, односно кога Јупитер ќе влезе во знакот на Стрелец. Тогаш ѕвездите ќе и бидат наклонети, а еден странец ќе се обиде на сите начини да ја освои. Меѓутоа Јелена нема да влезе во врска со него, поради Врањеш. Меѓу нив постои лудачка емотивна поврзаност и тоа ниту еден од нив не може да го негира. Врањеш се разведе од сопругата, а кога и Карлеуша ќе се разведе, ништо нема да ги спречи да ја продолжат љубовната врска – открива Величковиќ и додава дека пејачката и фудбалерот се совршен спој.

Сепак тој тврди дека тие двајца нема да останат заедно, односно дека тоа нема да биде љубов за цел живот.

Таа нема долго да издржи покрај Огњен, но додека трае ќе биде среќна. Од јули годинава за неа се ќе тргне на подобро, па така и љубовта со Огњен. На крајот нема ништо да биде од тужбата која Врањеш ја подигна против Карлеуша – тврди Величковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.