Разводот на Јелена Карлеуша е еден од најбараните термини на „Гугл“ на овие простори.

Пејачката и фудбалерот минатата година имаа бројни проблеми, по што престанаа да се следат на социјалните мрежи и да објавуваат заеднички фотографии, а тоа ја заинтригира јавноста дали е знак за нивен развод.

Јелена Карлеуша и Душко живеат во заедничка вила на Дедиње, но често се разделуваат поради неговата работа. Душко поминува поголем дел од годината во Кина, додека Јелена своето време го посветува на нивните ќерки.

Сепак, кралицата на „шоу-бизнисот“ многу често објавува провокативни фотографии и видеа, а Јелена открива дека токму тоа е причината што Душко повеќе не ја следи на Инстаграм.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.