Јелена Карлеуша овие денови се најде во средиште на скандал, кога беше доведен во прашање нејзиниот брак и однос со сопругот Душко Тошиќ. Позната како личност која не дозволува да се посегнува по нејзиното семејство, пејачката бурно реагирала и ги демантирала сите вести во врска со таа тема, па таа и Душко на социјалните мрежи потврдија дека меѓу нив се е во ред.

Сепак Карлеуша денеска отпатува од Србија, што потврди и со снимка од аеродромот. Таа изгледа реши да не се грижи на новинарските натписи и покажа како ужива во возење на количката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.