Јелена Карлеуша купува само брендирана, скапа облека, која многу често ја порачува и чека по неколку месеци на испорака. Сето тоа го плаќа прескапо, и по неколку илјади евра за едно парче облека или обувки.

Тоа е приказна која таа со години ја раскажува кога во прашање е нејзиниот стил на облекување. Вистината сепак е малку поинаква. Кога ги нема светлата и блицевите на фоторепортерите да ја фотографираат целосно средена, Карлеуша ги извршува дневните активности како и сите други луѓе.

Тоа подразбира и одење во шопинг и продавници кои продаваат евтини произоводи за широка потрошувачка. Така папараците ја уловија како во еден трговски центар купувала чевли за илјада денари и уште некои ситници кои биле на распродажба.

Било тешко да се пропознае. Без шминка и во широк комбинезон, со платнен шешир, таа била незабележителна.

Стрпливо чекала на ред на каса, а со неа бил и нејзиниот верен менаџер и пријател Зоран Бирташевиќ, кој исто така се подновил со некои парачиња облека на распродажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.