Ден после семејната драма во домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, екипата на српски Курир ја посети луксузната белградска населба во која тие живеат.

После драмата вчера во нивниот дом, денеска ситуацијата е поинаква.

Имено пред вилата немало голема раздвиженост. По улицата поминувале случајни минувачи, а во еден момент излегла домашната помошничка на Карлеуша, која го изнела кучето на прошетка и да фрли ѓубре.

Како што забележала екипата, таа од кесите и кутијата вадела и фрлала поголеми количини неотпакувана новогодишна декорација, која била намената за украсување на внатрешноста на куќата, но и за новогодишниот настап на Карлеуша.

Кога помошничката забележала дека новинарска екипа ја фотографира, се јавила некому, а потоа и ја прекинала прошетката на кучето и се упатила кон другиот влез на куќата, како не би ја фотографирале повторно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.