Американското списание „Форбс“ објави дека раперот Канје Вест, како претходно и неговата сопруга Ким Кардашијан, се вброи меѓу луѓето што имаат над милијарда долари на своја сметка. Тоа, во голем дел благодарение на линијата кошаркарски патики со неговото име, којашто ја разви во соработка со „Адидас“.

Раперот со години соработуваше со „Најк“, сѐ до 2013 година, кога одлучи своето име да го стави на располагање на „Адидас“. Првата нивна линија патики ја пуштија 2015 година.

Еден чифт најнови патики со потпис на Кање Вест во САД чини 200 долари.

Вест е вториот американски рапер на листата милијардери на „Форбс“. Лани тука се најде и Џеј-Зи. Ким Кардашијан има 1,3 милијарди долари на свое име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.