Во неделата се навршија пет години од смртта на Есма Реџепова Теодосиевска. Калиопи ја прекина медиумската изолација само за да ѝ оддаде почит на нејзината кума и пријателка Есма. Се присети на убавите мигови кои ги поминале заедно, но горчливо потсети колку се разочарала од сè она кое што се случува со нејзината куќа, во која требаше да биде музејот.

Eстрадниот магазин „Бекстејџ“ петочното издание ѝ го посвети на големата Есма, во кој покрај Калиопи, зборуваа и претседателката на хуманитарното здружение „Стево и Есма Теодосиевски“, но и блиска пријателка на Есма, Зорана, синот Симеон Атанасов, Зоран Димов и естрадниот новинар Дуле Мичиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.