Вчеравечер во еден познат скопски ресторан настапувал Јоце Панов. Пејачот бил во елемент, гостите расположени, сè до моментот кога на влезот од ресторанот не се појавила инспекција, пренесува „Убавина и здравје“. Инспекторите побарале од гостите сертификат за примени вакцини, а кога дошло редот истото да го побараат и од Панов, службените лица се изненадиле.

Јоце не поседувал сертификат за примени две дози вакцина, па поради најверојатно му била изречена парична казна.

Да, дојде полиција или инспекција, не сум сигурен кои беа и знам дека на неколкумина им побараа сертификати. Откако завршија со гостите, сертифкат побараа и од Јоце, но тој немаше колку што можев да видам. Што се случи понатаму и дали му напишаа казна, навистина не можев да видам, раскажува за „Убавина и здравје“ сведок кој вчера бил присутен во ресторанот каде настапувал Панов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.