Пејачката и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, на МРТВ, Јана Бурческа кон крајот на јули го роди своето второ дете, синот Дарин.

Таа за „Репортер“ открива дека породувањето било лесно и дека таа и синот се чувствуваат одлично. Бебето се родило со 52 сантиметри, а тежело 3.890 грама.

Дома сме речси еден месец, Дарин го родив на 27 јули. Напредува одлично. Мирно бебе е, спие многу повеќе и од Дона кога беше бебе, па и јас можам да се наспијам – открива Бурческа.

Фото: Инстаграм Јана Бурчевска

Пејачката претходно долго време ја криеше бременоста и откри дека ќе стане мајка дури во осмиот месец.

Такви беа условите тогаш и со Аце одлучивме да го зачуваме овој момент за нас и најблиските. Со оглед на природата на мојата работа, бев подготвена и многу порано да кажам, но ете, се случи пандемија и отсуството од екраните ми даде можност да уживам во раатот, кој верувајте ми, е непроценлив – вели Јана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.