По детално документираниот развод со долгогодишната партнерка Анџелина Џоли, Бред Пит долго не се појавуваше на страниците на медиумите за својот љубовен живот. Меѓутоа, се чини дека нема да остане така уште долго.

Британските медиуми „Сан“ и „Дејли мејл“, добро упатени во љубовните животи на холивудските ѕвезди, објавија деновиве дека Бред среќата ја пронашол во уште една голема холивудска ѕвезда – Шарлиз Терон.

Бред и Шарлиз биле заедно на проекцијата на еден филм во Холивуд, а многубројните гости можеле да се уверат дека двојката ја поврзува нешто повеќе од пријателство.

Според наводите на медиумите, Бред и Шарлиз својата романса ја започнале околу божикните празници, како и дека многу време поминуваат заедно во неговата вила во Лос Фелиз, Калифорнија.

– Заедно се веќе речиси еден месес. Беа пријатели извесно време, но нештата ескалираа – рекол еден од изворите за американските таблоиди.

Инаку, Бред и Шарлиз се запознале преку нејзиниот поранешен партнер, актерот Шон Пен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.