Небахат Чехре, која се прослави со улогата на мајка на султанот во серијата „Сулејман величествениот“, нема кој не воодушеви со својот стас кога се појави. На 76. години изгледа подобро од половина помлади девојки, а покрај тоа оваа актерка, според пишувањата на медиумните, ја краси и силен карактер, како и ведар дух.

Да се биде самостојна жена има свои предности, но и мани. Мораш понекогаш да се правиш силна, тогаш кога си скршена, но во денешно време за да опстанеш – мора да бидеш силен. Тоа го почувствував и сама кога излегов од филмската индустрија. Тоа беше моја желба, но луѓето заборавија дека постоев иако пред тоа снимив бројни филмови“, рекла таа во еден разговор.

Инаку, Небахат почнала да гради кариера во 1960 година и тоа како модел. Победила на изборот за Мис Турција и својата земја ја претставувала на светскиот избор.

Никогаш од своето семејство не барав пари! На изборот ме испратија буквално со една турска лира во џеб. На gраница ме запреа и не ми даваа да одам во Лондон затоа што сум премлада, па под гаранција на премиерот сепак отидов на натпреваропт. Влегов во авион со 50 центи, но тоа беше животот на кој бев навикната“, рекла актерката.

Оваа убавица своевремено била во брак само 15 месеци, со 14 години постариот Јилмаз Гунеј. Врската ја започнале брзо, а дури подоцна се испоставило дека Јилмаз има друга жена која чека негово дете.

И покрај тоа останале заедно, па и влегле во многу турбулентен брак, во кој дури имало и насилство. Меѓутоа, поранешните сопружници после разводот никогаш не зборувале лошо еден за друг.

Десет години подоцна таа се омажила за кошаркарот Јавуз Демис, со кој била во брак три години. Останала бремена, но имала спонтан абортус кога сфатила дека нејзиниот брак ќе доживее крај.

И покрај се што доживеала, актерката во едно скорњешно интервју рекла дека никогаш не чувствувала дека ѝ недостига љубов, односно дека не е осамена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.