Парис Хилтон сведочеше за злоставувањето кое го преживеала во интернатот во школото Прово Кањон во Јута.

39-годишната милионерка вели дека таму секојдневно била вербално, ментално и физички злоставувана кога имала 16 години. Во тој интернат поминала речиси една година.

Иако училиштето се рекламира како водечки центар за лекување, се чинеше како да е пекол на земјата. Плачев додека не заспиев секоја вечер, молејќи се да се разбудам од тој кошмар, изјави Хилтон во судот.

Кога имав 16 години двајца луѓе ме разбудија сред ноќ со лисици. Ме прашаа дали сакам да одам по полесниот или потешкиот пат. Ме изнесоа од домот додека вриштев на цел глас и барав помош, раскажала Хилтон.

Таа претходно поминала две слични програми за проблематични тинејџери, а сега тврди дека и во двата била злоставувана.

Во Прово Кањон, вели, 11 месеци не вдишала свеж воздух ниту ја видела сончевата светлина. Вели дека присилена да конзумира лекови поради кои се чувствувала „отепано“ и исцрпено.

Персоналот во училиштето го опишала како зло.

Ми се чинеше дека уживаат во можноста да злоставуваат деца, изјави таа.

Вели дека редовно гледала дека децата биле тепани, давени, дури и сексуално злоставувани.

Немаше никаква приватност – првиот пат кога се туширав, сѐ се гледаше. На 16 години, како дете, се чувствував како сите зјапаат во моето голо тело. Бев само дете, сведочеше Хилтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.