Александра Пријовиќ искрено зборуваше за своето семејство во емисијата „Специјален викенд на премиера“, но и за борбата со коронавирусот

Имав само болка во синусот, моето чувство за вкус и мирис исчезна. Помина еден месец, но ниту вкусот ниту мирисот не ми се враќаат, слушнав дека дури и не се враќа еден месец. Сепак, полека се враќа сега – рече таа.

Александра потоа се осврна на врската со нејзиниот син Александар и призна дека била „љубоморна“ што тој во моментов претпочита да поминува време со тато Филип.

Тој е копија на татко му, не ми се верува дека може да изгледа толку многу како неговиот татко. Тој е тврдоглав со мене. Приврзан е за двајцата и сега  е во фаза кога најмногу го сака својот татко, па мене. Ние сме тука цело време, иако Филип е малку позафатен. Мислев дека синови се повеќе приврзани за своите мајки, но тоа не е случај и кај нас, ќе мора да родам сега ќерка. Не е во план, но јас би сакала. Тој нема мир, тој е живо дете, гледам да одиме во игротеки, да шетаме, да не биде само во куќата. Тој имаше треска, јас веднаш мислев дека е коронавирус, но му зедоа крв, ЦРП беше малку повисоко, имаше некое воспаление, веднаш се исплашив, но фала му на Бога ништо не е – рече Александра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.