Две години по смртта на пејачот Шабан Чаулиќ, судењето се уште трае. Причина за долгиот судски процес е пандемијата која го зафати светот.

„Оштетените не можат да дојдат во Германија во моментов“, изјави Мајер за новинската агенција ДПА.

Пред трагичната несреќа, 67-годишниот Шабан Шаулиќ го одржа својот последен концерт во Билефелд. По концертот, во текот на ноќта на пат кон аеродромот, заедно со клавијатуристот Мерсад Кериќ претрпеа тешки повреди по што двајцата починаа во болницата. Третото лице кое било во автомобилот со кој се судрија беше сериозно повредено.

Доколку не беше коронавирусот се ќе беше завршено, но такви се околностите и мораме да ги почитуваме. Не дека случајот е тежок, или дека не можеме да го решиме. Оние кој тужат не можат да дојдат, а оние пак што се од страната на обвинетиот саботираат. Може да се лажеме дека ќе се реши случајот додека е ваква ситуацијата со границите – изјавиле од Билефелд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.