Од пејачот Дарко Лазиќ нема ни траг ни глас, откако полицијата откри во градот автомобил од 2015 година, кој и го купил на поранешната сопруга Ана Севиќ, а кој сега има лажна регистрација.

Проблем е што ни семејството ни полицијата не можат да дојдат до Дарко.

Полицијата сака да разговара со Дарко, ама тој не се одзива на повиците и телефонот му е недостапен, иако исклучително е активен на социјалните мрежи, а како што дознаваат домашните медиуми, не престојува ниту во родниот Брестач. Го нема никаде. Едноставно, никој не знае каде се наоѓа. Дома не си доаѓа неколку денови. Полицијата не може да му влезе во траг. Порано никогаш не исчезнувал вака, па сите се загрижени – вели извор за српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.