Медиумската драма на релација Ирина Шајк – Бредли Купер – Лејди Гага конечно се приближува до крајот. Актерите во триаголникот повеќе не сакаат да одговараат на прашањата на новинарите, а пејачката и од неодамна оскаровка Лејди Гага изјави дека „социјалните мрежи се тоалет на современото општество“, кои од целата приказна направиле слон.

Иако се зборуваше дека Лејди Гага на мудар начин пред очи ѝ го здиплила фраерот на Ирина Шајк, приказната остана да лебди во воздухот

Во меѓувреме Шајк ја запечати приказната со нова рекламна кампања и фотографија на Инстаграм.

Со фантастична уметничка фотографија на која Ирина е облечена во трико од боја руската убавица порачува: „Не сум јас жена која е лесно да се изневери“, што пишувале и обожавателите во коментарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.