Еден фејсбук-пост и коментар на истиот беше доволен за да започне нова естрадна војна. Фолк пејачката Ирена Спасовска и пејачот Дејан Добревски си упатија низа навреди, а од социјалните медиуми војната ја продолжија пред камерата на естрадниот магазин “Бекстејџ”.

Во вчерашното издание можевме да ја слушнеме нејзината страна на приказната, а во изданијата кои следуваат следната недела останува да слушнеме,видиме што Дејан има да си каже и да објасни зошто естрадата го допрела дното, ветуваат од емисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.