Актерот и водител Драган Маринковиќ Маца откри дека неговата сопруга Јована минатата година била бремена со тројки, меѓутоа, за жал, ги загубила сите три бебиња.

Маца ја отвори душата во интервјуто за „Балкан инфо“, и откри дека неговата поубава половина и тој имаат болен период зад себе.

Многу ѝ се восхитувам на Јована. Убаво е кога имаш партнер во кого си сигурен, многу ја почитувам. Пролетта 2018 година, Јована беше бремена. Имавме три бебиња и сè беше во ред. Но во јули ги загуби сите три бебиња. Многу тешко ја поднесе загубата, нејзе тоа ѝ беше прва бременост. Затоа избегавме од луѓето неколку месеци. Секоја чест за неа! Мене ме погоди, а можам само да замислам колку тешко ѝ беше неа, раскажа Маца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.