Имала симптоми, но сепак три дена скијала со децата – Емина Јаховиќ за својата борба со коронавирусот

Естрада 02.03.2021 / 12:56

Српската пејачка Емина Јаховиќ преку „Инстаграм“ ги информираше фановите дека била заразена со коронавирусот.

Бев со децата на скијање. Се чувствував малаксано и ме болеше грлото, а докторите ми рекоа дека е настинка. Така, не знаејќи, јас скијав три дена по осум часа и уште повеќе го изморив организмот. Заразена се движев меѓу луѓе, вели пејачката.

Таа додава дека треба повторно да има целосен карантин за да не шири вирусот од страна на луѓе кои не знаат дека се заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.