Душко Тошиќ воведува драстични месрки во брачната заедница со Јелена Карлеуша. Фудбалерот пред неколку дена се врати од Кина, а првото нешто што го направил била промена на куќните помошници. Како што дознава српски „Курир“, Тошиќ ја отпуштил дадилката на Ника и Атина, која ѝ била помош на Јелена една деценија, а на нејзино место вработил 27-годишна воспитувачка.

Во изминатите десет години дадилката проживеала сè и сешто со семејството, доживувала навреди и понижувања, но и покрај тоа што и двата кон неа се однесувале несоодветно, таа никогаш не сакала да се меша во нивниот турбулентен брачен живот.

Но, Тошиќ се одлучил на овој чекор, зошто се сомневал дека таа последните две години знаела за аферата на Јелена и Огњен Врањеш, a не му кажала.

Не ја интересираше дали Јелена носеше дома љубовник или нејзин пријател. За неа беше најважно да се грижи за децата, а не со кого и кога нејзината газдарица се гледа. Сепак, Душко истражуваше и сфати дека таа знаела кога Врањеш кришум доаѓал во неговата куќа и затоа одлучи да ја отпушти. Јелена не можеше ништо да му каже и само одмавна со главата кога Душко и го соопшти тоа, вели изворот за порталот.

Според порталот Душко со години слушал и правел сè што ќе му кажела Јелена, а сега одлучил работите да ги земе во свои раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.