На љубовта и бракот меѓу Северина и Игор Којиќ дефинитивно им дојде крајот. Како што пишува хрватски „24 сата“, минатиот викенд Којиќ бил виден пред зградата во која живее пејачката во загрепскиот Козјак. Според очевидци, сопругот на Северина се исселил од станот. Тој влечел куфери и костуми на закачалки, а работите ги внесувал во комбе со белградски регистрации.

ПР-тимот на Северина тврди дека работите ги селела внуката на Северина, Миа Поповиќ.

Единственото селење што се случи викендов беше она на внуката на Северина, која (повторно) се пресели со нејзиниот сопруг во непосредното соседство на Северина, поточно спроти зградата на Северина, тврдат од ПР тимот на пејачката.

Тие додале и дека Северина „снимала неколку кампањи“ за време на викендот. Ова е вторпат Игор да е забележан пред зградата на Севе, откако таму не го виделе речиси една година. За првпат беше виден на Козјак пред неколку недели. Не е познато дали тој тогаш влегол во станот на пејачката.

Северина и Игор веќе долго време не се појавуваат во јавноста заедно, па дури и ги избришаа заедничките фотографии од „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре гласините за разводот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.