Пред неколку години медиумите активно пишуваа дека најпознатата „чуварка на плажа“ Памела Андерсон е во врска со основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

Згодната актерка тогаш често го посетуваше во еквадосрската амбасада во Лондон, каде што Асанж доби азил. Меѓутоа, нему веќе некое време не му се дозволени посети, што многу ја погодува Памела, па таа на ТВитер сподели срцепарателна порака колку ѝ недостасува пријателот.

Речиси цела година не ми е дозволено да го посетам Џулијан. На сите ни недостасува неговиот глас. Ми недостасуваат неговата насмевка, неговата смеа, неговата љубопитност, момчешка љубопитност. Тој е единствен – силен и посветен човек. Ти благодарам за жртвата. Знам дека си добро и дека ќе те видам повтрно, пишува Памела, која апелира угледни јавни личности да се обидат да му помогнат да се извлече од ситуацијата.

Инаку, Памела Андерсон е во врска со фудбалерот Адил Рами, кој е помлад од неа 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.