И актерот Раде Шербеџија го искористи повикот на Србија за вакцинирање на странски граѓани и се вакцинираше, зошто вели, не можеше да ги дочека вакцините во Хрватска.

Се вакцинирав во Белград зошто Србија не е во европската заедница, па може да ги искористи сите канали за вакцини, па набавија различни. Го направија сето тоа одлично, многу луѓе заминаа да се вакцинираат, меѓу нив и многу мои пријатели од Сараево. Не можевме да чекаме. Кој може да дојде да се вакцинира, треба да го направи тоа. Се надевам дека тие вакцини од ЕУ ќе стигнат побрзо и дека летово ќе го пречекаме помирни, дека ќе може да се дружиме, рече Шербеџија за „Дневни аваз“, додавајќи дека добро ја поднел вакцинацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.