Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ погребан е денеска во 15 часот на Новите гробишта во Белград во Алејата на заслужните граѓани. Шаулиќ на вечното почивалиште го испрати семејството, колегите, бројни спортисти и политичари, како и илјадници негови обожаватели.

Откако Шабан е погребан, на собраните им се обрати син му Михајло Шаулиќ кој рече:

Мојот татко денеска не отиде. Додека неговата музика живее и додека се присeтуваме на него и неговата душа ќе живее со нас. Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа. Ви благодарам на сите и нека му е вечна славата – се обрати Михајло.

Мајка му Гордана и сестра му Илда во еден момент се скршиле од болка и не можеле да престанат да плачат.

Претходно Гоца го прегрнувала ковчегот, не можејќи да го пушти, а ќерка му Санела фрлила бела роза на татковиот гроб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.